ФИЛМОТ ПРИКАЗНА ЗА СИЛЈАН – Руши рекорди во гледаност низ земјата

Филмот беше прикажан во повеќе од 15 градови низ Македонија и бележи рекорден број гледачи.

ФИЛМОТ ПРИКАЗНА ЗА СИЛЈАН – Руши рекорди во гледаност низ земјата
Фото: Принтскрин

Продукцијата „Кино Балкан“ соопшти дека во последниот период активно дистрибуира македонски филмови и остварувања од регионот, меѓу кои и документарниот филм „Приказна за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, кој беше прикажан во повеќе од 15 градови низ Македонија.

„Филмот руши рекорди, како по бројот на гледачи, така и по локациите каде што е прикажан. Она што го прави оваа дистрибуција посебна е активниот пристап кон откривање на нови региони и културни центри, овозможувајќи филмот да допре до секој гледач и до секое ќоше на државата, за оваа исклучителна приказна да ја доживее секој жител на Македонија“, информираат од „Кино Балкан“.

Во иднина се планирани и организирани проекции за основни и средни училишта во државата, со цел филмското дело активно да се воведе како дел од образовниот процес, по примерот на европските земји.

„Време е македонскиот филм да добие вистинско место во киносалите во Македонија и да се третира како што заслужува. Време е македонскиот филм повторно да ѝ се врати на македонската публика“, се наведува во соопштението.

CATEGORIES
Share This