ФИЛИПЧЕ – СДСМ победи во три, води во уште девет општини

За резултатите во Град Скопје, Филипче истакна дека ќе ги почека конечните податоци за да биде прецизен.

ФИЛИПЧЕ – СДСМ победи во три, води во уште девет општини
Фото: Национал

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција соопшти дека партијата победила во три општини – Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци, а во моментов води во уште девет, меѓу кои Центар, Пробиштип, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Валандово, Лозово и Ранковци.

За резултатите во Град Скопје, Филипче истакна дека ќе ги почека конечните податоци за да биде прецизен.

Тој нагласи дека не е изненаден од досегашните бројки. Иако, како што рече, не се во целост оние на кои партијата се надеваше, сепак СДСМ добила поддршка од поголем број граѓани во повеќе општини, а на одредени места бројот на гласови е зголемен.

Според него, имајќи ги предвид околностите, резултатот не е лош и сè уште има општини во кои исходот е неизвесен.

„Имавме инструменти и начин да допреме до голем број граѓани, да ги претставиме нашите кандидати и програмата,“ изјави претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Тој апелира граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг.

CATEGORIES
Share This