ФИЛИПЧЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ДЕЛЧЕВ Пораките на Гоце денес се поактуелни од кога било

Тој потенцираше дека дел од визиите на Делчев денес звучат дури и поактуелно отколку во неговото време, и дека тоа е јасен сигнал дека како општество сè уште имаме многу работа пред себе.

ФИЛИПЧЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ НА ГРОБОТ НА ДЕЛЧЕВ Пораките на Гоце денес се поактуелни од кога било

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска, по повод 122 годишнината од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев, изјави дека неговите идеи, пораки и вредности се живи и актуелни и после еден век подоцна.

„Фасцинантно е како денеска, повеќе од 1 век од времето во кое живеел и делувал нашиот најголем револуционер, великанот Гоце Делчев, неговите пораки се актуелни,“ изјави Филипче.

Тој потенцираше дека дел од визиите на Делчев денес звучат дури и поактуелно отколку во неговото време, и дека тоа е јасен сигнал дека како општество сè уште имаме многу работа пред себе.

„Тоа е само знак и сигнал дека треба уште многу напорно да работиме, да ги имплементираме сите тие негови пораки од визијата за слободна и независна Македонија.“

Во време на глобална технолошка трансформација, доминација на вештачка интелигенција и социјални медиуми, Филипче повика на враќање кон суштинските вредности што ги промовирал Делчев – единство, заедништво, културен натпревар и градење на национален идентитет преку прогрес, а не преку изолација или пасивност.

„Ако Гоце Делчев кажал дека сме поделени како нација – ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна. Ако кажал дека треба сето да се разбере како поле за културен натпревар на народите, треба да работиме во таа насока а не младите да го сфаќаат светот како поле за карта во еден правец. Ако кажал дека Македонија е полето каде што ние треба да делуваме, треба сите заедно да сфатиме дека само заеднички можеме да направиме тоа, да ја унапредуваме и надградуваме Македонија, и со човечки капацитет и со вредности.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

CATEGORIES
Share This