ФИЛИПЧЕ КОНЕЧНО ЈА ПРИЗНА ЗЛАТНАТА ВИЗА ВО ДУБАИ Како може со виза од друга држава да вели дека тој е иднината?

Венко Филипче на 9 мај 2025 година признава дека поседува златна виза за Дубаи, а само неколку недели пред тоа, на 25 април 2025 година, истиот тој Венко Филипче, демантира дека поседува виза за Дубаи. Да ја погледнеме и таа негова изјава.

Почитувани,

Чиракот учи од мајсторот за лаги Заев. Во стилот на Заев, денес едно, утре друго. Но, најважното коешто Филипче треба да го одговори пред јавноста е следново:

-Како се добива златна виза за Дубаи, за преговори? Впрочем, нели немал виза и сето ова што ние го говоревме претходно било пропаганда?

-Кои се тие преговори кои Филипче ги има спроведувано и во која фирма? Дали како партиски функционер, пратеник или пак министер?

-Која е приватната болница со која што Филипче има преговарано?

-Дали тука станува збор за бизнис?

-И дали Филипче ќе ја покаже во јавност визата?

Почитувани,

Филипче со месеци молчеше за визата, мислејќи дека народот ќе ја заборави. Прашањето исто така е зошто ја криеше?

Венко Филипче е класичен манипулатор и човек кој нема образ и нема срам да ги лаже македонските граѓани. Венко Филипче е човекот поради кого македонското општество е на колена.

Венко Филипче е најдобриот ученик на криминогениот Зоран Заев.

Венко Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција.

CATEGORIES
Share This