Филипче не дава одговор ниту за Аудито Q8 кое е поклон, а го возеше и во предизборната кампања и е од фирмата која продавала 3 пати поскап јаглен на ЕСМ.
Од Венко Филипче и СДС и понатаму молк. Дали Филипче и СДС немаат став или молкот е нивна стратегија со цел да се заборават скандалите тоа е нивна одлука.
Но молкот на Филипче и СДС е потврда на сите поставени прашања. Колку и тие да молчат силно одекнаа скандалите на фирмите и шемите кои ги креирале со кланот Заеви и испумпале милионски суми врз грбот на народот кој плаќал повисоки сметки за струја.
Венко Филипче и СДС со години ја експлоатира државата и јавните интереси на граѓаните за свои лични цели и тесно партиски интереси.
Додека Филипче се обидува да ги прокламира социјалдемократските вредности кај членството на СДС, граѓаните имаа можност да ги видат шемите за милионски профити на бугарски фирми и адреси кои ги креирале заедно со кланот Заеви. За бизнисите во Македонија, Бугарија, соседството, Персискиот залив и Дубаи.
Филипче и СДС може да молчат и да го потценуваат народот, но ЈО не смее да молчи и да затвора очи при очигледните сомнежи за милионски криминал, граѓаните ја знаат вистината.
ЈО да не молчи и да покрене постапка за сите изнесени сомнежи во јавноста.



