ФИЛИПЧЕ АЛАРМИРА – Македонија не смее да стане „Мека за мигранти“
Претседателот на СДСМ најави онлајн петиција и предупреди за можна злоупотреба на мигрантите како гласачка машинерија

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржа прес-конференција посветена на најавите од Велика Британија дека мигрантите кои нема да добијат дозвола за престој таму би можеле да бидат испраќани во Македонија.
Филипче на пресот потенцираше неколку точки: прво, владата нема јасни одговори на овие тврдења. Иако тврдењата на СДСМ биле оспорени, властите не го демантирале пишувањето на британските медиуми како „Тајмс“, второ Филиче најави покренување на онлајн петиција како прв чекор за спречување на, како што рече, „антидржавното и антинационално однесување на Владата“, трето, лидерот на СДСМ нагласи дека Македонија не смее да стане периферија на Европа. „Нашето место е во Европската унија, а не на периферијата како црна точка“, рече тој. Додаде дека нема да дозволи доаѓање на мигранти „по ниедна цена“ и дека безбедноста и иднината на граѓаните се приоритет и четврто, тој постави прашање дали зад тајните договори на Владата се крие целта мигрантите да станат „нова гласачка машинерија“ на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори.
„Дали ќе дозволиме патриотите од ВМРО-ДПМНЕ да ја претворат Македонија во Мека за мигранти? Дали можат да добијат македонски пасоши и да станат гласачи на ВМРО-ДПМНЕ? Се ближат избори“, заклучи Филипче.
Покасно, по најавата на претседателот Филипче, СДСМ информираше дека го направи првиот чекор, покрена онлајн петиција против плановите на власта за мигранти во Македонија што МИА го објавува интегрално.
„Одбраната на Македонија почнува сега. Ги повикуваме граѓаните да нè поддржат во одбраната на Македонија, да го спречиме ова антидржавно и антинационално однесување на ВМРО ДПМНЕ“ – велат од СДСМ.


