ФИФА ТРОШИ БЕЗ КАЛКУЛАТОР Една милијарда долари за Светското клупско првенство

Со започнувањето на елиминациската фаза, влоговите се зголемуваат, а трката за светската круна и милионските суми станува сè поинтензивна.

ФИФА ТРОШИ БЕЗ КАЛКУЛАТОР Една милијарда долари за Светското клупско првенство
Фото: Принтскрин

Светското клупско првенство, кое оваа година првпат се одржува во проширен формат со 32 екипи, заврши со групната фаза во САД и веќе влезе во нокаут-делот. Турнирот, кој претставува нова ера во клупскиот фудбал под покровителство на ФИФА, не само што носи борба за титулата светски првак, туку и значителни финансиски добивки за учесниците.

Најуспешен клуб досега според заработката е Реал Мадрид, кој веќе инкасираше впечатливи 43,55 милиони евра, благодарение на резултатите и комерцијалната вредност што ја носи.

ФИФА за турнирот обезбеди рекорден награден фонд од една милијарда долари (приближно 800 милиони евра), од кои 451,6 милиони евра беа распределени само за учество.

Во зависност од пласманот и резултатите, клубовите заработуваат дополнителни средства по фази:

-Победа во група: 1,7 милиони евра

-Нерешено: 850.000 евра

-Пласман во осминафинале: 6,4 милиони евра

-Четвртфинале: 11,21 милиони евра

-Полуфинале: 17,9 милиони евра

-Финале: 25,6 милиони евра

-Победник на турнирот: 34,18 милиони евра

Покрај резултатите, приходите зависат и од медиумската видливост и комерцијалната вредност на клубовите и регионите. Притоа, износите се разликуваат според континенталната припадност:

-Европа: од 11,02 до 32,8 милиони евра

-Јужна Америка: 13,09 милиони евра

-Африка, Азија, Северна и Централна Америка: 8,22 милиони евра

-Океанија (Оукленд Сити): 3,08 милиони евра

Со започнувањето на елиминациската фаза, влоговите се зголемуваат, а трката за светската круна и милионските суми станува сè поинтензивна.

CATEGORIES
Share This