ФИЦО СО ОБЈАСНУВАЊЕ – Еве зошто ме мрази Зеленски
Фицо и претходно јавно се изјаснуваше против воведувањето нови санкции кон Русија. За најновиот, 18-ти пакет санкции, рече дека можеби изгледа привлечен, но според него, нема да биде ефикасен.

Фото: Принтскрин
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека не гледа смисла во какви било средби со украинскиот претседател Владимир Зеленски, бидејќи, како што рече, „Зеленски ме мрази“.
Во емисијата Саботни дијалози, Фицо објасни дека причина за овој однос е неговиот став за конфликтот во Украина.
„Ме мрази затоа што гласно го кажувам моето мислење за војната во Украина. Го обвинив и дека ѝ нанесе штета на Словачка од 500 милиони евра, откако го блокираше транзитот на руски гас“, изјави словачкиот премиер.
Фицо и претходно јавно се изјаснуваше против воведувањето нови санкции кон Русија. За најновиот, 18-ти пакет санкции, рече дека можеби изгледа привлечен, но според него, нема да биде ефикасен.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


