ФИЦО СИ ЛЕГНА НА БРАШНОТО Словачка го тргна ветото за нови санкции на ЕУ против Русија

Овој пакет е дел од пошироките напори на ЕУ да ја намали енергетската зависност од Русија и да го ослаби капацитетот на Москва за финансирање на војната во Украин

ФИЦО СИ ЛЕГНА НА БРАШНОТО Словачка го тргна ветото за нови санкции на ЕУ против Русија
Фото: Принтскрин

Амбасадорите на Европската Унија денеска треба да го одобрат 18-тиот пакет санкции против Русија, откако Словачка ја повлече својата претходна блокада. Земјата се спротивставуваше на пакетот поради предлогот на ЕУ за постепено укинување на увозот на руски гас.

Премиерот Роберт Фицо, на прес-конференција во Брисел, ја критикуваше иницијативата на Европската комисија, посочувајќи дека запирањето на увозот на руски гас би имало сериозни последици за словачката економија и граѓаните.

Фицо изјави дека Словачка ќе ја укине блокадата, нагласувајќи дека понатамошното спротивставување би било „контрапродуктивно“. Тој истакна дека Братислава добила гаранции од ЕУ во врска со цените и сигурноста на снабдувањето со гас. Сепак, додаде дека „е неопходен натамошен дијалог“ за да се обезбеди енергетската безбедност на земјата.

Се очекува амбасадорите на земјите-членки на ЕУ денеска (петок) конечно да дадат зелено светло за новиот пакет санкции. Претходниот обид за усвојување не успеа за време на министерската средба во Брисел оваа недела.

Новите мерки се насочени кон руските енергетски и финансиски сектори. Пакетот предвидува: Забрана за користење на гасоводите „Северен тек“ што водат од Русија до Германија, намалување на ценовниот лимит за руската нафта од 60 на 45 долари по баре, исклучување на речиси дваесетина руски банки од глобалниот платен систем СВИФТ, санкции за финансиски институции од трети земји кои помагаат заобиколување на ограничувањата и мерки против „сенишната флота“ – бродови кои пренесуваат руска нафта под прикриени услови.

Овој пакет е дел од пошироките напори на ЕУ да ја намали енергетската зависност од Русија и да го ослаби капацитетот на Москва за финансирање на војната во Украина. Германија го прекина директниот увоз на руски гас уште во летото 2022 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This