ФФМ ДОНЕСЕ ОДЛУКА Финалето на Купот на Македонија ќе се одигра на 21 мај на Градски
За престижниот трофеј ќе се борат екипите на Вардар и Струга, кои обезбедија пласман во завршниот меч по возбудливи полуфинални пресметки.

Финалниот натпревар од Купот на Македонија ќе се одигра на 21 мај со почеток во 20 часот на Градскиот стадион во Скопје, соопшти денеска Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија.
За престижниот трофеј ќе се борат екипите на Вардар и Струга, кои обезбедија пласман во завршниот меч по возбудливи полуфинални пресметки.
За Вардар ова ќе биде прво финале во Купот по пауза од цели 18 години, што дополнително го зголемува значењето на овој натпревар за „црвено-црните“. Од друга страна, Струга ќе се обиде да стигне до својот прв трофеј, откако пред две години загуби во финалето по изведување пенали против Македонија ЃП.
Очекувањата се за неизвесен и драматичен натпревар, со оглед на формата и амбициите на двата тима.
CATEGORIES Фудбал


