ФЕДЕРАЛНИТЕ РЕЗЕРВИ ГИ НАМАЛИЈА КАМАТНИТЕ СТАПКИ Клучната стапка намалена за 0.25%
Федералните резерви (ФЕД) по трет пат оваа година ги намалија каматните стапки, за да го поддржат пазарот на трудот и покрај инфлацијата повисока од целта од 2%.

Федералните резерви (ФЕД) по трет пат оваа година ги намалија каматните стапки, за да го поддржат пазарот на трудот и покрај инфлацијата повисока од целта од 2%. Клучната стапка беше намалена за 0,25 процентни поени, на опсег од 3,5% до 3,75%.
Одлуката беше донесена со поделено гласање 9-3 – најголемо несогласување од 2019 година. Гувернерот Стивен Миран бараше поголемо намалување, додека двајца регионални претседатели се залагаа за задржување на истото ниво. Несогласувањата уште еднаш ја истакнаа поделбата меѓу „јастребите“, кои се фокусираат на борбата против инфлацијата, и „гулабите“, кои приоритет му даваат на пазарот на трудот.
Ова е трето последователно гласање против од Миран, кој наскоро ја напушта ФЕД, и второ од Шмид. Одлуката сигнализира внимателен пристап кон понатамошни намалувања на каматите.


