ФБИ ВО ШОК – Оружјето најдено во шума открива студено планиран атентат врз Кирк
Според досегашните информации, испукан бил само еден куршум – доволен за смртоносен исход.

Најпознатиот американски конзервативен активист, Чарли Кирк, вчера беше убиен додека држеше говор на Универзитетот во Јута Вали.
Напаѓачот успеа да побегне по атентатот, но денес властите потврдија дека е пронајдено оружјето за кое се сомневаат дека е користено во нападот. Станува збор за таканаречена повторувачка пушка, откриена од ФБИ во пошумена област недалеку од местото на злосторството.
Овие пушки функционираат со едноставен механизам: по секој истрел стрелецот мора рачно да го повлече затворачот за да ја исфрли празната чаура и да внесе нов куршум во цевката. Тоа значи дека не се автоматски или полуавтоматски, туку бараат секој истрел да биде подготвен рачно. Иако ова го забавува пукањето, ваквиот механизам ја гарантира високата точност и сигурност по кои се познати овие пушки.
Повторувачките пушки најчесто се применуваат во три области: Воени операции – како снајперски оружја, благодарение на можноста за прецизен погодок на растојанија и до еден километар, во лов – особено за отстрел на крупен дивеч, каде што е потребен еден, силен и прецизен истрел и во спортско стрелаштво – во дисциплини на долги растојанија, каде што точноста е клучна.
Куршумите што ги користат ваквите пушки се од поголем калибар, со висока брзина и силна пробивна моќ. Тие можат да минат низ заштитни бариери и да погодат цел од многу голема далечина, што ги прави исклучително опасни во атентати.
Фактот што атентаторот на Кирк се одлучил за повторувачка пушка укажува дека нападот бил внимателно испланиран – акцентот бил ставен на прецизноста и прикриеноста, а не на брзиот оган. Според досегашните информации, испукан бил само еден куршум – доволен за смртоносен исход.


