ФАРАОНИТЕ СЕ ПЕТТИ ПАТНИК ВО ЧЕТВРТФИНАЛЕТО – Египет го победи Бенин
Египет го победи Бенин со 3:1 во продолжението, во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1

Египет е петтиот патник во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации, откако вечерва во Агадир ја победи репрезентацијата на Бенин со 3:1 по продолженијата, откако регуларниот дел заврши 1:1.
Иако влегуваа како големи фаворити со еден од најмоќните напади во турнирот, Египќаните се намачија да обезбедат пласман во следната рунда.
Првиот гол го постигна Марван Атија во 70. минута, по одлична акција во која учествуваше и Мохамед Салах. Бенин успеа да израмни во 83. минута преку Досу, па натпреварот отиде во продолженија.
Во дополнителните 30 минути Ибрахим донесе водство за Египет со гол во 97. минута, а конечните 3:1 ги постави Салах во последните моменти од продолжението.
Египет во четвртфиналето ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо.


