ЕВРОПСКИОТ ПАТ ЗАПОЧНУВА НА ГОСТИ Противници за Вардар, Работнички и Силекс
Натпреварите од воведната фаза на третото по ранг европско клупско натпреварување ќе се одиграат на 10 и 17 јули.

Трите македонски фудбалски клубови – Вардар, Работнички и Силекс кои изборија пласман во квалификациите за Конференциската лига, ги дознаа своите противници за првото коло по денешната жрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион.
Вардар, актуелен освојувач на Купот на Македонија, во 1. квалификациско коло ќе се соочи со Ла Фиорита, претставникот на Сан Марино.
Работнички, кој се враќа на европската сцена по седумгодишна пауза, ќе игра против белорускиот тим Торпедо-Белаз.
Силекс, пак, ќе се обиде да обезбеди пласман во второто квалификациско коло преку дуел со црногорскиот клуб Дечиќ.
Жрепката одреди сите три македонски претставници првите натпревари да ги одиграат на гостински терен.
Натпреварите од воведната фаза на третото по ранг европско клупско натпреварување ќе се одиграат на 10 и 17 јули.


