ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ И ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА – Средба на Мицкоски со известувачот на ЕП Вајц
Продолжување на реформите во насока на европските стандарди како приоритет

Фото: Социјални мрежи
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата се сретна со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, при што разговорот се фокусираше на продолжување на реформите во насока на европските стандарди.
„На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција“, напиша Мицкоски на својата Фејсбук страница.
Посебно внимание, како што истакна премиерот, беше посветено на владеењето на правото, институционалната стабилност и потребата од континуирано спроведување на реформите согласно европските стандарди.
CATEGORIES Македонија

