ЕВРОПОЛ ЈА РАЗБИ МРЕЖАТА ЗА КРИПТОИЗМАМИ – „Операција Херкулес“ откри илјадници измамени инвеститори
Измамниците користеле кол-центри и вештачка интелигенција за создавање нови нелегални страници.

Во координирана акција на полицијата во Баден-Виртемберг, БаФин, Европол и бугарските власти, наречена „Операција Херкулес“, беше откриена и прекината меѓународна мрежа што преку лажни трговски платформи мамела инвеститори да вложуваат во криптовалути.
Измамниците користеле кол-центри и вештачка интелигенција за создавање нови нелегални страници. Според БаФин, жртвите често дознавале по месеци дека нивните вложувања никогаш не постоеле.
Со акцијата е нарушена техничката инфраструктура на криминалните групи, а мерките се оценуваат како значителен удар врз нивните операции.
CATEGORIES Бизнис


