РЕКОРДНА ПОДРШКА ЗА ЕВРОТО – 79% од граѓаните на Еврозоната го сметаат за добра мерка

раѓаните веруваат дека еврото ги олесни патувањата и трговијата меѓу земјите членки.

РЕКОРДНА ПОДРШКА ЗА ЕВРОТО – 79% од граѓаните на Еврозоната го сметаат за добра мерка
Фото: Принтскрин

Според најновото истражување на Евробарометар на Европската комисија, дури 79 проценти од жителите на земјите од Еврозоната сметаат дека постоењето на еврото е позитивно за Европската Унија. Дополнително, 70 проценти од испитаниците веруваат дека заедничката валута е добра и за нивната сопствена држава.

Овие резултати, како што наведува Европската комисија, потврдуваат дека поддршката за еврото останува исклучително силна меѓу европските граѓани.

Голем дел од испитаниците истакнуваат дека еврото го олеснило и поевтинило патувањето, а осум од десет анкетирани сметаат дека заедничката валута значително ја поедноставила купо-продажбата меѓу земјите членки.

Анкетата покажува и дека 61 процент од граѓаните би поддржале укинување на монетите од еден и два евроценти, при што како најмала деноминација би останала монетата од пет евроценти.

Истражувањето, исто така, укажува на високо ниво на поддршка за Инструментот за закрепнување и отпорност (RRF), формиран во 2021 година за да им помогне на земјите членки во надминување на последиците од пандемијата, забрзување на економскиот раст и подготовка за зелената и дигиталната трансформација.

Вкупно 67 проценти од анкетираните ја поддржуваат идејата ЕУ финансиски да го поддржува закрепнувањето на земјите членки, под услов средствата да се вложуваат во зелени, дигитални и социјални инвестиции и во спроведување на планираните реформи.

Истражувањето е спроведено помеѓу 15 и 23 септември 2025 година и опфатило над 18.600 испитаници од сите 20 земји членки на Еврозоната.

CATEGORIES
TAGS
Share This