ЕВН СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Неколку скопски општини денеска без електрична енергија

ЕВН СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА Неколку скопски општини денеска без електрична енергија

Делови од неколку скопски општини денеска ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во електроенергетската мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија.

Од 8 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од делови на селото Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 8:30 до 12:30 часот прекин ќе има и за дел од улицата „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во други делови од градот. Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „1“ во село Сопиште, во општина Сопиште, а од 9 до 13 часот корисниците од дел од улицата „Димитар Мирсачев“ во општина Кисела Вода.

Најдолг прекин е најавен во општина Карпош, каде што од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат објектите лоцирани во околината на улицата „Леринска“ број 3.

Од Регионалниот центар апелираат граѓаните да бидат внимателни при користење на електрични уреди и да ги планираат своите активности во согласност со најавените прекини, кои, како што се наведува, се дел од редовното одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.

CATEGORIES
Share This