ЕВН СО ИНФОРМАЦИЈА Дел од Аеродром, Сарај и Сопиште денеска без електрична енергија

ЕВН СО ИНФОРМАЦИЈА Дел од Аеродром, Сарај и Сопиште денеска без електрична енергија

Делови од општините Аеродром, Сарај и Сопиште денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија.

Во општина Аеродром, без струја:

  • од 08:00 до 09:00 часот ќе бидат корисниците на булевар „Јане Сандански“ бр. 70;
  • од 10:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците од селото Долно Лисиче, поточно делот по објектот „Ливрам“.

Во општина Сарај, во периодот од 08:45 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде дел од селото Кондово, односно подрачјето околу железничката пруга и градинката.

Прекин на електроснабдувањето е најавен и во општина Сопиште, каде од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата 14.

Од надлежните институции апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски и да покажат разбирање додека траат планираните активности.

CATEGORIES
Share This