ЕВН НАЈАВИ ПЛАНИРАН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА Горно Нерези, Глуво и Мирковци без струја

ЕВН НАЈАВИ ПЛАНИРАН ПРЕКИН НА СТРУЈАТА Горно Нерези, Глуво и Мирковци без струја

Дел од жителите во неколку скопски населени места денеска ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија, без струја од 9 часот остануваат корисниците во селото Горно Нерези, во рамки на Општина Карпош, како и жителите на селата Глуво и Мирковци во Општина Чучер Сандево.

Планираното исклучување ќе трае до 15 часот, поради активности на електродистрибутивната мрежа.

CATEGORIES
Share This