ЕВН ИНФОРМИРА Дел од Ѓорче Петров и Сопиште без струја

ЕВН ИНФОРМИРА Дел од Ѓорче Петров и Сопиште без струја

Денеска дел од жителите на Скопје ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати, информираат од ЕВН Македонија АД.

Од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од улицата „Мице Козар“ во Општина Ѓорче Петров, додека од 10:00 до 12:00 часот прекин во снабдувањето ќе имаат жителите на улица „4“ во селото Горно Соње, Општина Сопиште.

Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ја планираат својата дневна рутина согласно најавените прекини.

CATEGORIES
Share This