ЕВН ИНФОРМИРА Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров

ЕВН ИНФОРМИРА Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров

Денеска, во периодот од 8 до 14.30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на објектот на „Меркур Македонија“ во општина Гази Баба, информира РЦУК – Скопје, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија АД.

Во исто време, од 9 до 14.30 часот, без струја ќе бидат и корисниците на дел од улицата „Радушка“ во општина Ѓорче Петров.

Од ЕВН Македонија најавуваат дека прекините се резултат на планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на снабдувањето со електрична енергија.

CATEGORIES
Share This