ЕВАКУИРАНИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ОД КАТАР, КУВАЈТ, САУДИСКА АРАБИЈА И БАХРЕИН Патниците синоќа слетаа на приштинскиот аеродром

Како што соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, патниците прво биле транспортирани до Ријад, од каде со специјален лет го напуштиле регионот.

ЕВАКУИРАНИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ ОД КАТАР, КУВАЈТ, САУДИСКА АРАБИЈА И БАХРЕИН Патниците синоќа слетаа на приштинскиот аеродром

На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници евакуирани од Катар, Кувајт, Саудиска Арабија и Бахреин.

Како што соопшти министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, патниците прво биле транспортирани до Ријад, од каде со специјален лет го напуштиле регионот.

Во авионот имало 151 патник, од кои 109 македонски државјани и државјани на повеќе други земји. Евакуацијата била спроведена според претходно утврден план и во координација со надлежните институции.

Муцунски посочи дека безбедноста на македонските граѓани останува највисок приоритет и дека Министерството продолжува да им стои на располагање на сите државјани на кои им е потребна помош.

CATEGORIES
Share This