ЕУРО 2026 – Доминација на Франција, тесна победа за Шпанија
Првиот ден на ЕХФ Еуро 2026 ќе продолжи со дуелите Норвешка – Украина и Германија – Австрија

Франција ја победи Чешка, а Шпанија беше подобра од Србија во првите два натпревари со кои официјално започна 17. Европско првенство за ракометари, организирано од Данска, Шведска и Норвешка.
Во Осло, Франција доминантно триумфираше над Чешка со 42-28, забележувајќи победа во групата Ц, додека Шпанија во Хернинг ја совлада Србија со 29-27, во воведниот натпревар од групата А.
Првиот ден на ЕХФ Еуро 2026 ќе се комплетира вечерва со дуелите Норвешка – Украина и Германија – Австрија.
Македонската ракометна репрезентација својот прв натпревар во групата Б ќе го игра утревечер во Хернинг против кодомаќинот Данска, со почеток во 20:30 часот. Под водство на селекторот Кирил Лазаров, избраниците ќе ги имаат следните противници: Португалија на 18 јануари и Романија на 20 јануари.


