ЕУ ЗАГРИЖЕНА ПОРАДИ НЕБЕЗБЕДНИ ПРОИЗВОДИ ОД „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ – Мекграт: „Шокиран сум“

„Шокиран сум од тоа и мислам дека имаме должност да ги заштитиме европските потрошувачи“, изјави Мекграт за Гардијан.

ЕУ ЗАГРИЖЕНА ПОРАДИ НЕБЕЗБЕДНИ ПРОИЗВОДИ ОД „ТЕМУ“ И „ШЕИН“ – Мекграт: „Шокиран сум“

Европскиот комесар за правда, Мајкл Мекграт, изјави дека е шокиран од тоа како кинеските платформи како „Тему“ и „Шеин“ ги заобиколуваат законите на ЕУ, продавајќи небезбедни и опасни производи.

Изјавата следи по извештај на европратеник во кој се наведуваат примери на стоки со токсични хемикалии, очила без УВ заштита и бебешки производи кои претставуваат ризик од задушување или сопнување.

Мекграт најави истрага со тајни купувачи и истакна дека овие платформи, покрај што го загрозуваат здравјето, претставуваат нелојална конкуренција за европските бизниси.

„Ќе го зајакнеме спроведувањето на законите за безбедност и заштита на потрошувачите,“ рече тој.

Според податоците на ЕУ, дневно во блокот пристигнуваат 12 милиони мали пратки, што е двојно повеќе од 2023 година.

CATEGORIES
Share This