Возачите се предупредуваат да го почитуваат новиот сообраќаен знак во Европа, за да избегнат високи казни кои изнесуваат 135 евра во Франција и 200 евра во Шпанија.
Во Франција неодамна е воведен сино-бел знак кој означува лента резервирана за одредени возила. Во моментот е поставен во градови како Лион, Гренобл и Стразбур, а наскоро се очекува да се прошири низ целата земја.
Лентата е наменета за возила со најмалку двајца патници, електрични возила со налепница за нулта емисија, такси без патници и јавен превоз. Целта е намалување на сообраќајните застои и забрзување на протокот на возила.