ЕУ СО НОВА ПОМОШ ЗА НАШИОТ СОСЕД Албанија добива дополнителни 15 милиони евра за јакнење на одбраната

ЕУ СО НОВА ПОМОШ ЗА НАШИОТ СОСЕД Албанија добива дополнителни 15 милиони евра за јакнење на одбраната

Советот на Европската Унија усвои одлука за доделување на нов пакет финансиска помош во висина од 15 милиони евра за јакнење на одбранбените капацитети на Вооружените сили на Албанија.

Оваа поддршка е дел од Европскиот мировен инструмент и претставува втора транша за Албанија, по првичната помош од 13 милиони евра што беше доделена за подобрување на способноста за брзо и ефикасно распоредување на нејзините сили.

Според Советот на ЕУ, новите средства ќе се искористат за набавка на лесни оклопни повеќенаменски, тактички и инженерски возила, како и за опрема, логистички услуги и обука што ќе ги зголемат способностите на албанската армија да учествува во мисии на ЕУ и други меѓународни операции.

Европската унија вложува слични напори и во другите земји од регионот. Во април годинава, исто преку истиот инструмент, македонската Армија доби 15 милиони евра за набавка на разузнавачка, комуникациска и борбена опрема, како и за обука и унапредување на оперативната подготвеност.

Со оваа најнова поддршка, вкупната помош од ЕУ во рамки на Европскиот мировен инструмент од 2023 година наваму достигна 38 милиони евра – потврда за зголеменото стратешко внимание што Унијата го посветува на безбедноста и стабилноста на регионот.

CATEGORIES
Share This