ЕУ ЈА КРШИ КИНА – Нови шок-такси за онлајн пратки

Таксите ќе стапат на сила од ноември и ќе се додаваат на веќе постоечките 3 евра за мали пратки.

ЕУ ЈА КРШИ КИНА – Нови шок-такси за онлајн пратки
Фото: Принтскрин

Земјите-членки на Европската Унија и Европскиот парламент постигнаа договор за воведување дополнителни такси за обработка на сите увозни пратки со ниска вредност, кои ќе се применуваат најдоцна од 1 ноември.

Овие нови давачки ќе се додаваат на веќе утврдената такса од 3 евра по артикл за „мали пратки“ со вредност под 150 евра, која стапува во сила во јули и главно се однесува на производите од Кина. Европската комисија ќе го одреди точниот износ на новите такси. Целта на мерките е да се намали нелојалната конкуренција од азиските онлајн платформи кои го преплавуваат европскиот пазар.

Договорот предвидува и високи казни за платформите кои увезуваат опасни или фалсификувани производи, со можност казната да достигне до 6% од вкупната вредност на стоката увезена во последните 12 месеци. Во екстремни случаи, платформите можат да бидат привремено исклучени од пазарот.

Во 2024 година во ЕУ биле увезени околу 4,6 милијарди мали пратки, од кои 91% биле од Кина, што го отежнува доследното прегледување на сите производи според европските стандарди.

CATEGORIES
TAGS
Share This