„ЕРАЗМУС +“ ВО ПОЛИТИЧКИ ОГАН – обвинувања за злоупотреби на милиони евра

Во пресрет на локалните избори, повторно се отвора прашањето за злоупотреби на европските пари преку програмата „Еразмус+“.

„ЕРАЗМУС +“ ВО ПОЛИТИЧКИ ОГАН – обвинувања за злоупотреби на милиони евра

Во пресрет на локалните избори, повторно се отвора прашањето за злоупотреби на европските пари преку програмата „Еразмус+“. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека стотици илјади евра завршиле кај луѓе блиски до СДСМ, додека власта обвинува дека токму ВМРО-ДПМНЕ ја штитела Националната агенција за европски програми.

Опозицискиот функционер Валентин Манасиевски посочи дека 205 илјади евра биле доделени на брат на пратеник од СДСМ за „дресирање магариња“. Но Горан Велковски возврати дека проектот бил обука за ученици во Хрватска, а не тренинг за животни.

СДСМ пак тврди дека извештајот на европската канцеларија ОЛАФ открил сомнителни злоупотреби од над два милиони евра и повеќе од 50 инволвирани лица. Тие бараат разрешување на директорката на Агенцијата.

ВМРО-ДПМНЕ одговори со нови обвинувања, наведувајќи дека грантови добивале и луѓе блиски до власта, меѓу нив и поранешниот ректор Љубомир Фрчкоски.

И додека партиите си префрлаат вина, под сомнеж остануваат милиони евра европски средства, наместо јасни резултати во образованието и младинските проекти.

CATEGORIES
Share This