ЕПИЛОГ ОД ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ИЗБОРИ – Два градоначалника за ДУИ по еден за ВМРО-ДПМНЕ и ДПТ

Излезноста беше околу 28%, помала од поништените избори од октомври 2025 година

ЕПИЛОГ ОД ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ ИЗБОРИ – Два градоначалника за ДУИ по еден за ВМРО-ДПМНЕ и ДПТ
Фото: Национал

Валбон Лимани (ДУИ) е избран за градоначалник на Гостивар со 15.345 гласа, победувајќи го Невзат Бејта (7.510 гласа). Во Врапчиште, Исен Шабани од НАИ освои над 61% од гласовите, победувајќи го независниот кандидат Зуљхајрат Демири.

Промена на локалната власт има во Маврово-Ростуше, каде Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) ја победи кандидатката на СДСМ, Анес Ахмети. Во Центар Жупа, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците ја доби поддршката на 97% од гласачите за четврти последователен мандат.

Излезноста беше околу 28%, помала од поништените избори од октомври 2025 година.

CATEGORIES
TAGS
Share This