ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ДЕЛО Новите згради со задолжително парно каде постои техничка можност

Новите регулативи ќе овозможат секој објект да се приклучи на систем за дистрибуција на топлинска енергија.

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА ДЕЛО Новите згради со задолжително парно каде постои техничка можност
Фото: Национал

Станбено-деловните објекти и објектите за колективно домување на подрачја каде постои техничка можност за приклучок на систем за дистрибуција на топлинска енергија, задолжително ќе се проектираат и градат со целосна машинска и техничка инсталација за парно греење.

Ова се предвидува со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, кој денеска, по скратена постапка, доби поддршка од собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Комисијата заклучи дека Предлог-законот може да продолжи во натамошна собраниска процедура, откако констатира дека не се поднесени амандмани.

Со измените се овозможува поефикасно користење на енергијата и подобра топлинска заштита во градските средини каде има можност за приклучување на системи за снабдување со топлинска енергија, како што е парното греење. Со тоа се придонесува и кон подобрување на животната средина во градовите, особено во зимскиот период.

Измените се носат поради проблемите со обезбедување квалитетно и унифицирано снабдување со топлинска енергија за станбено-деловните објекти и објектите за колективно домување. Целта е да се воспостави стандард за современо градско живеење и да се намали загадувањето во зимскиот период“, се наведува во образложението на Владата.

Исто така, на седницата на Комисијата поддршка доби и Предлог-законот за дополнување на Законот за јавни патишта, во прво читање, кој е со европско знаменце.

CATEGORIES
TAGS
Share This