ЕМИЛИЈА ГЕЛЕВА – Англосаксонската светска влада ќе се распадне како кула од карти
Прогласената економска независност на САД значи дека Трамп ја стави ад акта СТО! Таа веќе е неважечка организација. Ова го прогнозирав уште пред 3 години.

Емилија Гелева геополитички аналитичар на својата фејбук страна пишува дека светската трговска организација е веќе неважечка и дека нема никаква реакција од СТО за царинското самоволие на Трамп. Гелева ја цитира изјавата на Трамп во која се вели: “Ова е еден од најважните денови, според мое мислење, во американската историја. Тоа е нашата декларација за економска независност“, рече Трамп по потпишувањето на новите царини за државите во светот кои тој ги смета за лоши. Минимална основна царина од 10 проценти ќе биде наметната на сите земји, освен Канада и Мексико, со повисоки износи наметнати на нациите што Трамп ги смета за „најлоши“ трговски престапници пишува Гелева и додава дека во најлошите престапници е вклучена и Северџанија за која е определена царина од 33 %. Нели Мицкоски изјави дека преговараат и дека од наша страна за САД царини нема. Многу добар дил, нема што. Но, она што е најважно е дека со оваа “декларација за економска независност на САД” Трамп всушност ја анулираше во целост Светската трговска организација која за него едноставно не постои, заедно со нејзините илјадници трговски правила, регулативи и протоколи, вклучително и висината на царините, на кои сите светски држави досега мораа да се придржуваат ако сакаат да водат меѓународна трговија. Прогласената економска независност на САД значи дека Трамп ја стави ад акта СТО! Таа веќе е неважечка организација. Ова го прогнозирав уште пред 3 години. Следно на ред ќе биде ООН. Ткн. англосаксонска “светска влада” ќе се распаѓа како кула од карти – пишува Гелева на фејсбук.


