ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ И НАТАМУ ПОПУЛАРНИ Сè поголем број на електрични автомобили на германските патишта

ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ И НАТАМУ ПОПУЛАРНИ Сè поголем број на електрични автомобили на германските патишта

Потполно електричните возила сега сочинуваат 3,7% од вкупниот број на регистрирани автомобили во Германија, што е за 0,6 процентни поени повеќе во споредба со минатата година, според истражувањето на Федералната администрација за моторен сообраќај (KBA). Уделот на возила со електричен погон на батерии значително е зголемен во новите месечни регистрации. Во јули, 18,4% од новорегистрираните автомобили биле електрични, објавува Hrportfolio, пренесува агенцијата Мина.

Во Германија, на патиштата возат повеќе од 1,8 милиони потполно електрични автомобили, а Volkswagen произведе повеќе од 320.000 од нив. На второто место е Tesla со повеќе од 195.000 возила. Сепак, американскиот производител, предводен од Илон Маск, во последно време се соочува со значителни проблеми со продажбата на германскиот пазар, што веројатно е поврзано со неговите политички активности. Технолошкиот милијардер се повлече од американската политика.

Според податоците на KBA, на 1 јули во Германија биле регистрирани вкупно 49,5 милиони автомобили со сите видови на погонски склопови – што е највисок број досега. Година дена порано, тој број изнесуваше 49,4 милиони. Меѓу нив, водечка група се компактните возила, кои броят 11,2 милиони автомобили, додека 6,89 милиони од вкупно 49,5 милиони се теренски возила. Вкупниот број на моторни возила изнесува 61,4 милиони, вклучувајќи камиони, автобуси и мотоцикли.

CATEGORIES
Share This