ЕКСТРЕМЕН ТОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Црвен метео аларм, препораки и мерки за заштита

ЕКСТРЕМЕН ТОПЛОТЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – Црвен метео аларм, препораки и мерки за заштита

Македонија е зафатена од силен топлотен бран, со дневни температури кои до сабота ќе бидат значително над просекот за јули. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), температурата ќе се движи од 34 до дури 43 степени, во зависност од регионот.

Најтопло ќе биде во Скопскиот, Вардарскиот и Југоисточниот регион – со температури до 43°C. Во Пелагонија ќе се измери до 40°C, а во другите региони од 32 до 38°C. Минималните утрински температури ќе се движат од 10 до 19°C. Времето ќе биде сончево и многу топло, со слаб до умерен северен ветер.

Поради опасноста по здравјето, активиран е црвен метео аларм. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) издаде низа препораки, а Владата донесе мерки за заштита на најранливите категории. Во периодот од 23 до 26 јули, работодавачите се обврзани да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.

Посебна препорака е упатена до работници на отворено (градежништво, земјоделство, полиција, достава и слично). Работодавачите треба да разгледаат алтернативни модалитети на работа – онлајн режим, флексибилно или двократно работно време, паузи во сенка со достапни течности и електролити, и задолжителна заштита од сонце.

 

CATEGORIES
Share This