ЕКСПЛОЗИЈА НА НАПНАТОСТ – Блискиот Исток пред нов голем судир
Војната на Блискиот Исток влегува во 44-тиот ден, со интензивирани конфликти на повеќе фронтови.

Војната на Блискиот Исток влезе во 44-тиот ден, со засилени тензии на повеќе фронтови и нови закани за енергетската и безбедносната стабилност во регионот.
Иранските власти повторно ја нагласуваат својата позиција дека земјата нема да се здобие со нуклеарно оружје, додека истовремено се зголемуваат заканите за можни мерки околу Ормускиот теснец, еден од најважните светски трговски правци за нафта.
Претседателот на парламентот на Иран, Мохамед Багер Галибаф, упати порака до Соединетите Американски Држави, предупредувајќи дека граѓаните би можеле „да се сетат со носталгија“ на периодот кога цените на горивата биле 4–5 долари за галон. Тој објави и податоци за цените на бензинот во Вашингтон, наведувајќи дека американската јавност наскоро би можела да се соочи со повисоки трошоци.
Според американските податоци, просечната цена на бензинот во САД изнесува околу 4,12 долари за галон.
Во меѓувреме, од Лондон пристигнаа информации дека британските воени бродови и војници нема да учествуваат во евентуална блокада на ирански пристаништа, иако дел од нивните капацитети во регионот ќе продолжат со работа, особено во доменот на противмински и анти-дрон операции.
Паралелно со тоа, се засилуваат предупредувањата од Техеран за можни последици доколку дојде до блокада на Ормускиот теснец. Ирански извори наведуваат дека ваквите потези би можеле да имаат поширок регионален ефект и да влијаат врз други стратешки правци како Баб ел-Мандеб, што дополнително би ја нарушило глобалната трговија со енергенси.
Ситуацијата останува напната и на северниот фронт, каде продолжуваат размените на оган меѓу Израел и милитантната група Хезболак. Израелските воздушни и артилериски напади продолжуваат во јужен Либан, додека конфликтот се шири со нови инциденти и жртви.
Американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека Иран нема да добие нуклеарно оружје, нагласувајќи дека Техеран сè уште има такви амбиции. Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џеј ди Венс бил дел од дипломатски контакти со иранската страна во текот на викендот.
Иранските претставници, пак, предупредуваат дека евентуални ограничувања на морскиот сообраќај би можеле да доведат до пошироки геополитички последици и значително зголемување на глобалните трошоци за транспорт и енергија.
Ситуацијата останува нестабилна, со ризик од понатамошна ескалација на повеќе линии на конфликт на Блискиот Исток.
