ЕКСКЛУЗИВНО Уапсен атентаторот кој вчера со автомобил бомба го уби рускиот генерал Москаљик

Според информации од Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), експлозивната направа која била активирана во паркиран автомобил за време на атентатот, била управувана од територија на Украина.

ЕКСКЛУЗИВНО Уапсен атентаторот кој вчера со автомобил бомба го уби рускиот генерал Москаљик

Осомничениот Игнат Кузин, агент на украинските специјални служби роден во 1983 година и со дозвола за престој во Украина, беше уапсен од турските безбедносни сили и екстрадиран во Москва.

Во моментов, истражителите на Главната истражна управа на Истражниот комитет на Руската Федерација работат со Кузин на расветлување на околностите поврзани со обидот за атентат врз генерал-полковник Москаљик. Се прибираат докази и се испитуваат деталите за злосторството.

Според информации од Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), експлозивната направа која била активирана во паркиран автомобил за време на атентатот, била управувана од територија на Украина.

Да потсетиме, Национал вчера прв ја објави веста дека во Балашиха, Московски регион, беше извршен смртоносен напад врз висок руски воен претставник. Според соопштението на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија, генерал-полковник Јарослав Москаљик, заменик-началник на Главната оперативна управа на Генералштабот на руската армија, загина при експлозија на автомобил од марката „Фолксваген Голф“ пред неговата станбена зграда.

ФСБ информира дека експлозијата била предизвикана од далечина, користејќи импровизирана експлозивна направа која, според првичните сознанија, била активирана од територијата на Украина.

CATEGORIES
TAGS
Share This