ЕКОНОМСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ГРЕНЛАНД Данската народна банка алармира за проблеми

ЕКОНОМСКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ГРЕНЛАНД Данската народна банка алармира за проблеми

Гренланд се соочува со значајни економски предизвици, вклучувајќи забавен економски раст и влошување на јавните финансии, предупреди Данската народна банка во својата најнова анализа. Според извештајот, економскиот раст е скромен, а јавните финансии се под сериозен притисок, делумно поради завршувањето на проектите за проширување на аеродромската инфраструктура, додека големите проекти во енергетскиот сектор сè уште не се започнати.

Во текот на 2025 година, состојбата со јавните финансии на Гренланд значително се влошила, а ликвидноста на државната каса паднала на критично низок ниво во втората половина на годината. Данската народна банка истакнува дека е неопходно да се применат мерки на штедење, како што е предвидено во данскиот буџет за 2026 година.

Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот што населението на Гренланд, кое моментално брои помалку од 57.000 жители, сè повеќе старее и опаѓа, што доведува до намалување на бројот на работоспособни лица. Прогнозите укажуваат на тоа дека до 2050 година, бројот на жители на Гренланд може да опадне за 20 проценти.

Во поширокиот политички контекст, ова предупредување доаѓа само еден ден по отфрлањето на заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд, со порака дека секој напад на островот би значел крај на НАТО сојузот.

CATEGORIES
Share This