ЕК СО НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА Предложен 18-ти пакет санкции против Русија

Земјите-членки на Европската унија ќе започнат со преговори за усвојување на пакетот во текот на оваа недела.

ЕК СО НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА Предложен 18-ти пакет санкции против Русија
Фото: Принтскрин

Европската комисија денеска предложи нов, 18-ти по ред пакет санкции против Руската Федерација, со фокус на намалување на приходите од енергетски извори и ослабување на руската воена индустрија. Ова го соопшти претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Според информациите на агенцијата Ројтерс, предложените мерки вклучуваат забрана за трансакции поврзани со рускиот гасовод „Северен тек“, како и ограничувања за финансиски институции кои се обидуваат да ги заобиколат досегашните санкции.

Еден од клучните елементи на новиот пакет е и предлогот за дополнително намалување на ценовниот плафон на руската сурова нафта, кој Г7 го воспостави во 2022 година. Новиот лимит би изнесувал 45 долари за барел, наместо досегашните 60 долари.

Во документот се наведува и список на бродови кои, според Комисијата, припаѓаат на таканаречената руска „флота во сенка“, како и компании инволвирани во трговија со нафта, кои би биле подложени на новите рестриктивни мерки.

Земјите-членки на Европската унија ќе започнат со преговори за усвојување на пакетот во текот на оваа недела.

CATEGORIES
Share This