ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ДО БУГАРСКИТЕ ВЛАСТИ: НЕ ВИ ВРЕДИ НЕГАТОРСКАТА СУДСКА ОДЛУКА ЗА КЛУБОТ НИКОЛА ВАПЦАРОВ – Македонската нација е вечна и непобедлива
Македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ беше отворен на 30 октомври 2022 година. На тој настан присуствуваше и делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев.

Единствена Македонија најостро ја осудува вчерашната одлука на бугарските надлежни органи, со која Македонскиот културен клуб во Благоевград „Никола Јонков Вапцаров“ е оценет како антибугарска манифестација.
Најскандалозно е што во своите одлуки, бугарските органи продолжуваат да ја застапуваат негаторската теза дека македонската нација е вештачки создадена.
Единствена Македонија им порачува на бугарските власти дека со вакви ставови ништо повеќе не можат да постигнат кога станува збор за Македонците. Светот се менува, Европа се менува, а никој веќе не може да ги запре Македонците на нивниот пат кон својата цел. Процесот за остварување на македонските права е започнат храбро и решително и ништо повеќе не може да го сопре.
За волја на вистината, треба да нагласиме дека проблемите со Бугарија не ги создава бугарскиот народ, кој е горд на своето татарско-монголско потекло, туку тие произлегуваат од македонските јаничари во Софија – лица кои не издржале во историјата, а кои и во минатото и сега заземаат високи државни позиции во Бугарија.
Македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров“ беше отворен на 30 октомври 2022 година. На тој настан присуствуваше и делегација на Единствена Македонија предводена од претседателот Јанко Бачев.


