ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Цвеќе и почит на годишнина од загинувањето на војводата Леонид Јанков

На денешен ден, 2 септември 1905 година, Леонид Јанков на своите 27 години го даде животот за Македонија. Заедно со своите соборци - комити, во борбата против аскерот одбраа да не паднат живи во рацете на непријателот и храбро го завршија својот пат.

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА Цвеќе и почит на годишнина од загинувањето на војводата Леонид Јанков
Фото: Единствена Македонија

Делегација на политичката партија Единствена Македонија по повод годишнината од загинувањето на гевгелискиот војвода Леонид Јанков положи свежо цвеќе на неговиот гроб во Гевгелија.

На денешен ден, 2 септември 1905 година, Леонид Јанков на своите 27 години го даде животот за Македонија. Заедно со своите соборци – комити, во борбата против аскерот одбраа да не паднат живи во рацете на непријателот и храбро го завршија својот пат.

Единствена Македонија ја изразува својата почит кон делото и жртвата на војводата Јанков и неговите соборци, чиј подвиг останува вечен пример за љубов кон татковината.

Да биде жив споменот за Леонид Јанков! Нека се вечни Македонија и Македонците!

CATEGORIES
TAGS
Share This