ЕДЕН ЗБОР, ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ – Меланија не нарече Македонија, Грција веднаш реагира
Атина испрати дипломатска нота по изјавата на Меланија Трамп, повикувајќи се на обврските од Преспански договор.

Грчката амбасада во Вашингтон реагирала со формална дипломатска нота по говорот на Меланија Трамп, во кој таа ја нарекла Република Северна Македонија едноставно „Македонија“. Од Атина појасниле дека станува збор за корективна мерка со цел доследно почитување на обврските од Преспански договор.
Во своето обраќање на настан од висок профил претходно неделава, Трамп го употребила краткото име, што, според грчките толкувања, е чувствително прашање. Тие потенцираат дека терминот „Македонија“ се однесува на нивниот историски и географски регион, па затоа, согласно принципот erga omnes, официјалната употреба мора да биде „Северна Македонија“ во сите јавни и дипломатски контексти.
Овој чекор ја отсликува внимателноста на грчката страна кон меѓународната употреба на името, нагласувајќи дека додавката „Северна“ не е избор, туку правна обврска што произлегува од договорот, со цел да се избегнат недоразбирања и да се заштити идентитетот на грчкиот регион Македонија.
Во меѓувреме, сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, го продолжила своето учество на глобален самит во Белата куќа, организиран од првата дама на САД. Настанот, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието, бил дел од иницијативата „Fostering the Future Together“ и собрал претставници од 45 земји, како и водечки технолошки компании.
За време на самитот, Мицкоска остварила кратка средба со Меланија Трамп и со Брижит Макрон, при што размениле мислења за актуелни глобални теми.
Фокусот на настанот бил ставен на унапредување на образованието, дигиталната писменост и примената на нови технологии за поддршка на младите. Посебно внимание привлекла презентацијата на хуманоиден робот од САД, кој комуницирал со присутните и ги демонстрирал можностите на современата роботика и вештачката интелигенција, како симбол на технолошкиот напредок.


