ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ – 2026 носи дури 7 продолжени викенди, еве кога да си планирате одмор
Проверете кога со само неколку дена одмор добивате мини-одмор

Фото: Принтскрин
Граѓаните на Република Македонија веќе уживаа во продолжен викенд на 20 март по повод Рамазан Бајрам, но тоа не е сè и наскоро следува уште една одлична можност за одмор.
Во април нè очекува нов споен викенд: 10 април (Велики Петок) и 13 април (понеделник, втор ден Велигден), што значи четири слободни дена по ред кои се идеални за патување или релаксација.
За полесно планирање, во продолжение е календарот на неработни денови во 2026 година.
Неработни денови за сите граѓани:
- 1 јануари (четврток) – Нова година
- 7 јануари (среда) – Божиќ
- 20 март (петок) – Рамазан Бајрам (продолжен викенд)
- 13 април (понеделник) – Велигден (продолжен викенд)
- 1 мај (петок) – Ден на трудот (продолжен викенд)
- 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (продолжен викенд)
- 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (продолжен викенд)
- 8 септември (вторник) – Ден на независноста
- 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (продолжен викенд)
- 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (продолжен викенд)
- 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски
Вкупно дури 7 продолжени викенди во текот на годината.
Дополнителни неработни денови за православни верници:
- 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
- 10 април (петок) – Велики Петок
- 29 мај (петок) – Духовден (продолжен викенд)
- 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (продолжен викенд)
За муслиманските верници:
- 27 мај (среда) – Курбан Бајрам
За католичките верници:
- 6 април (понеделник) – Велигден
- 1 ноември – Сите светци
- 25 декември (петок) – Божиќ
Со ваков распоред, 2026 година нуди одлични можности за одмор, кратки патувања и подобро планирање на слободното време.
CATEGORIES Македонија


