ЌЕ СЕ ИЗБИРА НОВ СУДИЈА ЗА СУДОТ ВО СТРАЗБУР, НАСЛЕДНИК НА БАЏАНАКОТ НА МИЈАЛКОВ Платата е фантастична

Мандатот на судиите во Европскиот суд з ачовекоивте права е девет години со месечна плата од 30.000 евра и сите платени трошоци (авионски билети, кирија за сместување, хотелски престои. Буквално на судиите им се платени сите трошоци, а нивно е само да судат

ЌЕ СЕ ИЗБИРА НОВ СУДИЈА ЗА СУДОТ ВО СТРАЗБУР, НАСЛЕДНИК НА БАЏАНАКОТ НА МИЈАЛКОВ Платата е фантастична

Во Службен весник днеска излезе огласот за избор на кандидати од Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур поради истек на девет годишниот мандат на досегашниот судија од Македонија Јован Илиевски, познат како баџанакот на Сашо Мијалков.

Постапката за избор ќе ја спроведе Комисија за избор на кандидати на Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), која е формирана од Владата и која треба да достави предлог за избор од тројца кандидати за судија.

Kандидатите мора да ги исполнуваат минимум следните услови:
-Да е државјанин на Република северна Македонија,
-Мора да уживаат висок морален углед;
-Мора да ги исполнуваат условите неопходни за вршење на високи судски функции или да бидат правни стручњаци со призната компетентност (минимум 12 годишно искуство во соодветната професија);
-Мора да бидат помлади од 65 години;
-Moра да имаат искуство во областа на човековите права;
-Мора активно да го владеат едниот, а пасивно другиот службен јазик на Совет на Европа (англиски и француски);

Кандидатите имаат рок од 15 дена од денот на објавувањето на Oгласот да се пријават за избор на судија.

Илиевски стана судија во Европскиот суд во фебруари 2017 година, а деветгодишниот мандат му завршува во февруари 2026 година. Неговиот избор се поврзуваше со неговиот баџанак, екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.  Мандатот на судиите во Европскиот суд за човекоивте права е девет години со месечна плата од 30.000 евра и б уквално сите платени трошоци за судијата и смејството (авионски билети, кирија за сместување, хотелски престои и слично), а нивно е само да судат.

CATEGORIES
TAGS
Share This