ЌЕ ПАДНЕ ЛИ БУГАРСКАТА ВЛАДА – Гласање за недоверба по втор пат

Опозицијата обвинува за економски пад, застој на реформи и погрешно распределување на јавните средства

ЌЕ ПАДНЕ ЛИ БУГАРСКАТА ВЛАДА – Гласање за недоверба по втор пат
Фото:Принтскрин

Опозициската коалиција „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата на премиерот Росен Жељазков. Барањето е поднесено поради, како што наведуваат, сериозни пропусти во економската политика кои предизвикаа масовни протести низ земјата. Иницијативата ја поддржаа и „Алијанса за права и слободи“ (АПС) на Дељан Доган и партијата „МЕЧ“.

„Владата не го слушна силниот протест и не поднесе оставка. Како што им ветивме на граѓаните, денеска поднесовме барање за недоверба. Ова е прва иницијатива во која активно учествува и најмладата генерација – иднината е нивна и наша обврска е да ја обезбедиме“, изјави сопретседателот на „Продолжуваме со промената“, Асен Василев.

Барањето беше симболично предадено во архивата на Народното собрание од двајца млади протестирачи – Калојан Васев и Ана Бодакова.

Во образложението се наведува дека владиното работење предизвикало негативен економски развој, застој во клучните реформи и задржување стотици милиони евра од Планот за закрепнување и одржливост. Опозицијата тврди дека „лошото и некомпетентно прераспределување на јавните средства го зголемило товарот врз работниците и бизнис-заедницата“ и довело до пад на благосостојбата и до влошување на деловната клима, додека јавните ресурси се насочувале кон нереформирани системи и сомнителни државни проекти со надуени вредности.

Да потсетиме, ова е второ гласање за недоверба со кое се соочи владата на Жељасков , откако неговиот кабинет ја презеде власта на 16 јануари оваа година. Првото гласање за недвоерба во бугарскиот парламент беше на 03 април годинава.

CATEGORIES
Share This