ДВОЈНА ИЗЛЕЗНОСТ ВО ЧАИР – Гласаат и живите и мртвите
Реакции за умрени родители на списокот на избирачи има и на социјалните мрежи од други лица

Фото: Принтскрин
Ако во Кичево не можат да гласаат живите, во Чаир, според видеото објавено од Порталикс, право на глас имаат и починатите. Во избирачкиот список на избирачкото место во основното училиште „Иднина“, се појавуваат имиња на лица кои, како што тврдат нивните семејства, починале пред две години.
Роднините на починатите велат дека се шокирани кога ги виделе нивните имиња на списокот и бараат институциите итно да го истражат случајот. Според нив, ова претставува сериозен пропуст во ажурирањето на избирачките списоци, кој може да влијае врз легитимноста на изборниот процес.
Реакции за умрени родители на списокот на избирачи има и на социјалните мрежи од други лица. Од надлежните институции засега нема официјална реакција по овие наводи.
CATEGORIES Македонија
TAGS Топ вест


