ДВЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите активности

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска делови од општините Чаир и Студеничани ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати.
Во општина Чаир, струја ќе нема од 08.00 до 16.00 часот за корисниците на улиците со број 90, 131 и 191, како и за околните згради и деловни објекти во близина на булеварот „26 Јули“. Без напојување ќе останат и хотелите „Хамбург“ и „Аен“, казиното „Сенатор“ и адвокатското друштво „Калач“.
Во општина Студеничани, од 09.00 до 16.00 часот без електрична енергија ќе бидат жителите на селата Драчевица, Цветово и Алдинци, како и корисниците во туристичките и планинските објекти Вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава.
Од компанијата апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите дневни активности.

