ДВА НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА – Еве ги сите неработни денови во 2026
По новогодишните празници, следуваат уште два неработни дена во една недела

Првиот месец од годината традиционално носи најмногу неработни денови и можности за одмор. Веќе следната недела, 6 јануари (вторник) – Бадник, е неработен ден за православните верници, додека 7 јануари (среда), кога се слави Божиќ, е неработен ден за сите граѓани во Македонија.
По божиќните празници, следува уште еден неработен ден – 19 јануари (понеделник), кога православните верници го одбележуваат Богојавление – Водици. Овој празник воедно го носи и првиот продолжен викенд во 2026 година.
Согласно Законот за празници, ова се неработните денови во 2026 година:
Неработни денови за сите граѓани се:
-
1 јануари (четврток) – Нова година
-
7 јануари (среда) – Божиќ (прв ден, православен календар)
-
20 март (петок) – Рамазан Бајрам (прв ден)
-
13 април (понеделник) – Велигден (втор ден, православен календар)
-
1 мај (петок) – Ден на трудот
-
24 мај (недела) – „Св. Кирил и Методиј“ (неработен е 25 мај – понеделник)
-
2 август (недела) – Илинден (неработен е 3 август – понеделник)
-
8 септември (вторник) – Ден на независноста
-
11 октомври (недела) – Ден на народното востание (неработен е 12 октомври – понеделник)
-
23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба
-
8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“
За граѓаните од православна вероисповед
-
6 јануари (вторник) – Бадник
-
19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
-
10 април (петок) – Велики петок
-
29 мај (петок) – Духовден
-
28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица
За граѓаните од католичка вероисповед
-
6 април (понеделник) – Велигден (втор ден)
-
1 ноември (недела) – Сите светци
-
25 декември (петок) – Божиќ
За граѓанире од муслиманска вероисповед
- 27 мај (среда) – Курбан Бајрам (прв ден)
Неработни денови по заедници
-
Албанска заедница: 22 ноември (недела) – Ден на албанската азбука
-
Српска заедница: 27 јануари (вторник) – Свети Сава
-
Ромска заедница: 8 април (среда) – Меѓународен ден на Ромите
-
Влашка заедница: 23 мај (сабота) – Национален ден на Власите
-
Еврејска заедница: 21 септември (понеделник) – Јом Кипур
-
Бошњачка заедница: 28 септември (понеделник) – Меѓународен ден на Бошњаците
-
Турска заедница: 21 декември (понеделник) – Ден на настава на турски јазик


