ДВАЈЦА КИЧЕВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ Одзеле 18 килограми злато

Осомничените, кои се полициски службеници од ОВР Кичево, биле лишени од слобода вчера.

ДВАЈЦА КИЧЕВСКИ ПОЛИЦАЈЦИ ОСОМНИЧЕНИ ЗА ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ Одзеле 18 килограми злато

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар против две лица, поради сомнение дека како соизвршители извршиле разбојништво во гостиварска златарница.

Осомничените, кои се полициски службеници од ОВР Кичево, биле лишени од слобода вчера. Според истрагата, на 10 октомври 2025 година, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со закана со огнено оружје одзеле околу 18 килограми злато.

Полицајците учествувале во подготовките на грабежот и со службено возило на МВР го обезбедувале патот на возилата користени за нападот. Едно од тие возила подоцна било пронајдено запалено на патот Гостивар–Дебар, а другото – напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар. Истрагата продолжува за идентификација на останатите сторители.

CATEGORIES
Share This