ДВА АКТИВНИ ПОЖАРИ УТРОВО ВО ЗЕМЈАВА – Изгаснати 18, еден под контрола

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека утрово, до 08:00 часот, два пожари се сè уште активни на територијата на Македонија, еден е ставен под контрола, а вкупно 18 се изгаснати благодарение на координираните интервенции на противпожарните и општинските служби.

ДВА АКТИВНИ ПОЖАРИ УТРОВО ВО ЗЕМЈАВА – Изгаснати 18, еден под контрола

Едниот од активните пожари е лоциран во Велешко, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што гори мешана шума. Вториот пожар е во Општина Македонски Брод, во атарите на селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина, каде што се зафатени деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.

Според податоците од ЦУК, овие пожари се уште активни и на терен се ангажирани надлежни служби кои работат на нивно локализирање и гаснење.

Под контрола е ставен пожарот кај дојранското село Николиќ, каде што гореше нискостеблеста шума. Интервенцијата била навремена и спречено е негово проширување.

ЦУК информира дека вчера и ноќта спроти денешниот ден се изгаснати вкупно 18 пожари на отворен простор. Меѓу нив:

Скопски регион:

  • Општина Чучер Сандево – село Горњани и локација над црквата Св. Троица кај село Чучер (нискостеблеста и мешана шума)
  • Општина Гази Баба – Смилковско Езеро и делот меѓу село Раштак и Љуботен (ѓубре)
  • Општина Сарај – селата Љубин и Крушопек према Лака (ѓубре)
  • Општина Кисела Вода – бул. „Борис Трајковски“ (градежен отпад)

Југозападен и Пелагониски регион:

  • Општина Битола – населба Баир (ѓубре)
  • Општина Долнени – село Црнилиште (депонија) и село Слепче (ниска вегетација)
  • Општина Кичево – ул. Прилепска (дива депонија)
  • Општина Струга – село Враништа (стрниште)

Источен и Североисточен регион:

  • Општина Штип – Лакавички пат (ниска шума и вегетација)
  • Општина Пробиштип – село Петршино (ниска вегетација)
  • Општина Куманово – села Четирце и Пчиња (ниска вегетација)
  • Општина Кратово – село Туралево (грмушки и ниска вегетација)
  • Општина Теарце – село Слатино (ѓубре и ниска вегетација)

Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат при престој во природа и да не палат оган на отворено, бидејќи високите температури и сувата вегетација значително го зголемуваат ризикот од пожари. Секое забележано палење или чад треба веднаш да се пријави на бројот 112 или до најблиската противпожарна единица.

CATEGORIES
Share This