ДУИ ЗА ПРЕДАВСТВОТО НА ГРУБИ – Правдата мора да биде еднаква за сите
Случајот Груби отвора можност за разјаснување на сите отворени прашања

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува одлуката на својот висок функционер и поранешен вицепремиер, Артан Груби, да се врати во земјата и да се соочи со надлежните институции. Партијата оценува дека овој чекор отвора можност за транспарентна, правична и непристрасна постапка, во која ќе се изнесат сите аргументи и ќе се разјаснат сите отворени прашања поврзани со него.
Во писменото соопштение, ДУИ истакнува дека очекува правниот процес да се одвива според највисоките стандарди на владеење на правото, со акцент на целосна транспарентност во интерес на јавноста, почитување на презумпцијата на невиност и заштита на индивидуалните права.
„ДУИ останува непоколеблива во ставот дека правдата мора да биде еднаква за сите и без селективност, без двојни стандарди и без политички влијанија. Само правична и професионална постапка ѝ служи на вистината, институциите и довербата на граѓаните“, се наведува во соопштението.
Партијата додава дека поради високиот политички и јавен интерес за овој случај, раководството внимателно и будно ќе го следи процесот низ сите негови фази.


